Телефон со Android: Известувања

Искористете ги максимално известувањата, пораките што некои апликации ви ги праќаат на телефонот за да ве предупредат дека нешто се случило.

Научете како да ги користите известувањата, кои се одличен начин да бидете во тек со настаните ако не сте се го користеле телефонот подолго време. Овој курс објаснува што се известувања и како да ги отворате и бришете.

Пред да почнете

Паметниот телефон со Android што се употребува во презентациите во овој курс можеби не е ист со телефонот што го имате, но менијата и чекорите би требало да бидат слични.

Пред да почнете, проверете дека имате:

  • телефон со Android
  • најнова верзија на оперативниот систем на телефонот.
Известувања на телефон

Што е известување?

Кога пропуштате повик или порака, телефонот ќе ви прати известување (notification). Известувања може да добиете и од други апликации, за да ве предупредат дека сте добиле нова е-порака, известување за промена на временските услови или што било друго!

Известувањата (Notifications) се појавуваат на екранот и откако ќе исчезнат, можете да ги прочитате подоцна од Панелот за известувања (Notification panel).

За да го отворите Панелот за известувања (Notification panel):

  • отклучете го (Unlock) телефонот
  • поминете со прстот надолу (Swipe down) од горниот дел на екранот, почнувајќи со прстот на рамката на екранот
  • ќе се појави Панелот за известувања (Notification panel) и ќе ги прикажува иконите на Брзи поставки (Quick settings icons) и вашите известувања (notifications).

Како да ги гледате и бришете известувањата

Кога се отвора Панелот за известувања (Notification panel):

  • Допрете на едно известување (notification) за да ја отворите апликацијата што го создало, на пример, да видите една нова е-порака во Gmail
  • Панелот за известувања (Notification panel) се затвора, но можете да го отворите повторно ако поминете со прстот од горе надолу по екранот
  • Можете да забележите дека известувањето што го допревте сега го нема, бидејќи сте го прочитале
  • Исто така, можете да отстраните некое известување ако поминете со прстот налево преку него, наместо да го допирате
  • Некои известувања покажуваат дополнителни опции ако поминете со прстот надолу (swipe down) на известувањето. На пример, минувањето со прст надолу на пропуштен повик покажува опции да го повикате лицето чиј повик сте го пропуштиле или да му пратите порака
  • За да го затворите Панелот за известувања, допрете каде било надвор од него, или на некои модели телефони со Android, поминете со прстот нагоре.
Некои известувања за е-пораки, текстуални пораки, па дури и пропуштени повици може да содржат врски до лажни интернет-страници и телефонски броеви, создадени да ги украдат вашите информации. Отворајте известувања што доаѓаат само од апликации, телефонски броеви и адреси на е-пошта што и препознавате и во кои имате доверба.